Изгласани измените на Законот за извршување- ќе се однесуваат и на веќе започнатите извршувања

17.01.2020 10:36

Како што соопштуваат од ресорот правда, измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на граѓани кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми.

Законодавниот дом во текот на вчерашниот ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е втора измена на законот, а двете измени се во насока на градење на концепт на правично извршување и заштита на достоинството на граѓаните.

Како што соопштуваат од ресорот правда, измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на граѓани кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми.

Социјално ранливите групи на лица, не по своја вина, не се во можност да ги намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само личната- туку и на нивните семејства.

Со измените целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓаните кои се корисници на гарантирана минимална помош, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како ипримањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица.

Дополнително, со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана, односно се менуваатограничувањата на извршувањето и тоа од1/3 на 1/5 од плата и пензијатаза лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице инадоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби ќе се однесува и за веќе започнатите извршувања бидејќи станува збор за поповолен закон за граѓаните.