Димитров: Консензус за концептот техничка влада
Димитров од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, бидејќи според него, политиката е навлезена во сите пори на општеството.

По изборите би требало да се направи обид за политички консензус во однос на концептот техничка влада, вели шефот на дипломатијата во интервју за МИА.
Димитров од претстојните избори и кампањата очекува лажни вести и оцрнување на противникот, бидејќи според него, политиката е навлезена во сите пори на општеството.
Во однос на посетата на еврокомесарот за проширување Вархеји, министерот за надворешни оценува дека конзистентност имало во една од клучните пораки што ги пренел, неговата надеж и очекувањето Законот за јавно обвинителство да се донесе во сегашниот парламентарен состав, пред изборите.
