Невладини бараат поништување на Законот за лустрација

17.01.2020 13:31

Дел од невладините организации со поддршка на владиниот предлог за поништување на лустрацијата, сметаат дека Законот треба да се донесе пред изборите...

Блупринт граѓанските организации бараат Собранието да го донесе Законот за поништување на лустрацијата пред неговото распуштање. Сметаат дека многумина од лустрираните треба да бидат обештетени.

По укинувањто на законот во 2017-та, Управниот суд вратил на повторно разгледување околу 80 предмети и за нив нема дефинитивна одлука, такашто прашањето за нив стои отворено.

Земјата веќе изгуби два спора пред судот во Стразбур кои се однесуваат токму на лустрацијата, затоа што лустрираните немале можност да се бранат и немало еднаквост на оружјата. Таа неправда треба да биде исправена, велат од мрежата неваладини организации.