„Ромите денес- каде ќе бидеме утре“

Претставници од ромската заедница на дебата ги изнесоа најгорливите проблеми со кои се соочуваат

17.01.2020 13:52

Претставници од ромската заедница на дебата ги изнесоа најгорливите проблеми со кои се соочуваат. Велат дека има квалификуван и стручен кадар, кој многу тешко доаѓа до работно место, што резултира со иселување од државава. Сметаат дека е лажна позитивната слика на сѐ повеќе вработени Роми...

Закон за лицата без документи, урбанизација на ромските населби и легализација на нивните домови, подобрување на нивната тешка економска ситуација, побара Националниот ромски центар. Оттаму апелираат, младите роми да имаат подеднакви шанси за вработување за да останат во земјава.

Слични пораки и до активистите за човекови права, се бараат подобри услови за оваа популација.

Некогаш лекарите- роми се броеа на прсти, денеска не е така. Сепак, вистината е дека од сите тие што дипломирале на Медицинскиот факултет, само неколкумина работат по струка, вели д-р Бајрам Берат. Анализата од последниве години покажала недоверба кон институциите и зголемена миграција.