Вооружен грабеж во експозитура на НЛБ Банка во Ѓорче Петров

17.01.2020 13:55

Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на банката се безбедни и се во добра состојба, информираат од НЛБ.

Изутрината во експозитурата на НЛБ Банка во населбата Ѓорче Петров се случил вооружен грабеж. Сите клиенти кои се затекнаа во експозитурата, како и вработените на банката се безбедни и се во добра состојба, информираат од НЛБ.

Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и за утврдување на висината на направената штета, за што јавноста дополнително ќе биде информирана, стои во дописот.