Висок процент на реализација на оперативниот план за вработување
Висок процент на реализација на оперативниот план за вработување за 2019-та, велат од Владата. Невработеноста е намалена на 17 проценти, а во последните две и пол години работа добиле околу 60 илјади лица, истакна вицепремиерот за економски прашања Царовска. Од буџетот за оваа намена беа издвоени 1,3 милијарди денари, што е за 84 насто повеќе споредбено со 2016-та...
Оперативниот план во 2019-та реализиран со над 98 проценти. Надлежните велат дека во последните две години се вработиле 59.600 луѓе, а планот со мерки и програми придонел за намалување на процентот на невработеност, кој сега изнесува 17,1 процент.
Активните мерки за вработување овозможија вработувања, бидејќи се креирани според потребите на младите и на бизнис- секторот, вели вицепремиерката Царовска. Таа посочи дека растот на платите и подобрувањето на условите за живот треба да ги мотивираат младите да останат или да се вратат во државата.
Царовска очекува исплатата на минималната плата да се спроведува без проблеми. Првите анализи се очекуваат во март. До ресорот досега не пристигнала ниту една пријава за неисплаќање на законски утврдениот минималец од 14.500 денари.
Дијана Ценевска
