ДКСК ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата
Антикорупциска ја усвои Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси што во следните пет години треба да ја спроведат институциите, за да се обезбеди подигнување на довербата на граѓаните во системот. Директорката Ивановска како ризични области ги посочи вработувањата, процесот на јавни набавки, контролната и надзорна улога и донесувањето одлуки...
Антикорупциската комисија усвои петгодишна национална стратегија за спречување корупција. Оттаму велат дека треба да го зголеми нивото на политичка одговорност, да го зајакне интегритетот на јавниот сектор, дигитализација, да ја намали корупцијата при јавните набавки.
За најризични области, во кои се препознава коруптивното однесување, Стратегијата ги утврдува- вработувањата, процесот на јавни набавки, контролата и надзорната улога и донесувањето на одлуки, каде субјективизмот доаѓа до израз, истакна претседателката на Антикорупциска.
Од Антикорупциска велат дека Стратегијата не е од затворен тип, туку таа постојано ќе се надградува и проширува.
Антикорупциска ќе бара засилени контроли на јавните набавки, јакнење на човечкиот интегритет во судството, поголем капацитет на државниот просветен инспекторат, центри за управување со отпад, како и целосна дигитализација при издавање дозволи за бизнисот.
Марина Стојанова- Тонева
