Масовна тепачка меѓу средношколци од Скопје

06.03.2014 15:30

Групата ученици-напаѓачи се обидела да избега од местотона настанот, но полицијата успеала да донесе на разговор 14 од нив, потврдуваат од МВР...

Двајца ученици во средното ПТТ во Скопје завршија во болница откако денеска околу 13:30 биле нападнати од поголема група ученици од средното хемиско училиште кое се наоѓа во непосредна близина. Настанот се случил на булеварот Трета македонска Бригада.

Групата ученици-напаѓачи се обидела да избега од местото на настанот, но полицијата успеала да донесе на разговор 14 од нив, потврдуваат од МВР.

Мотивите за нападот сеуште не се познати.