Идната недела преговори за Законот за јавно обвинителство
Новиот Предлог- закон за јавно обвинителство е доставен до ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. Очекуваат конструктивност од опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека го добиле предлог- решението и деновиве ќе биде анализиран во партијата...

Идната недела преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ седнуваат на маса во обид да ги надминат недоразбирањата за новиот закон за јавно обвинителство. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се надева дека во идните четири недели, ќе се постигне договор меѓу власта и опозицијата да се донесе Законот за јавното Обвинителство. Тој апелира до опозиционите пратеници, пред сѐ до ВМРО-ДПМНЕ да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство, иако тоа не услов да им дадеме дополнителен аргумент, како што рече Заев, на еврокомесарот пред Самиотот на ЕУ. Тој закон е потребен не само за нашите европерспективи, туку е и потреба за граѓаните, како и за реформите во правосудниот систем.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека го добиле предлог-решението и деновиве ќе биде анализиран во партијата. Евидентно е дека повторно се прави обид тимот на СЈО да биде вдомен во обвинителството на Вилма Рускоска која очигледно, рече Милошоски е замена за Катица Јанева. Тој смета дека ако овој закон се постави како приоритет, постојат шанси за договор, иако времето е кратко до 12 февруари.
И претседателот на Собранието Џафери апелираше до партиите што побргу да ги приближат ставовите, со цел да се надминат пречките кои стојат на патот за почнување на приспапни преговори со ЕУ. При посетата во Скопје врокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача дека законот за јавно обвинителство е приоритет и треба да го донесе актуелниот парлементарен состав пред изборите на 12 април.
Игор Панов
