Одговорност и соработка за Законот за јавно обвинителство
Законот за јавно обвинителство, главна тема меѓу политичките елити. По притисокот од Вархоји, сите велат дека сакаат да се најде решение, никој не кажува конкретно. Ако се приближат работните групи со ставовите, ќе има средба Заев- Мицкоски...

Премиерот Оливер Спасовски не очекува застој во носењето на новиот Закон за јавно обвинителство, при што порача дека е неопходна соработка на вклучени страни во процесот, зашто како што рече, тоа е прашање од висок државен интерес.
Лидерот на СДСМ, Заев е оптимист дека до 12-ти февруари, кога се распушта Законодавниот дом, ќе се донесат сите неопходни законски решенија, меѓу кои и Законот за јавно обвинителство. Во таа насока очекува дека во текот на следната недела ќе се одржи и лидерска средба на која би се се разговарало со цел да се изнајде заедничко решение.
Според претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложеното решение од СДСМ претставува закон кој, како што вели, треба да ги штити криминалните структури од СДСМ што ќе заминат во опозиција после 12-ти април. Нема дилема дека треба да се донесе европски Закон за јавното обвинителство. Ќе се согласи на лидерска средба само доколку работните групи ги приближат ставовите.
Усогласување на ставовите во врска со Законот за јавното обвинтелство и неговото носење бара и меѓународната заедница.
Игор Панов
