Шекеринска очекува следната недела да почне ратификацијата на Протоколот за НАТО во Шпанија

20.01.2020 10:08

Министрите во Шпанија веќе дадоа свечени изјави, и најверојатно следната недела ќе почне парламентарната процедура, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа очекува во наредниот период, и нашето Собрание да ја гласа ратификацијата.

Македонија е во исчекување на шпанската ратификација на Протоколот за членството во НАТО. Министрите во Шпанија веќе дадоа свечени изјави, и најверојатно следната недела ќе почне парламентарната процедура, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа очекува во наредниот период, и нашето Собрание да ја гласа ратификацијата.

Очекуваме веќе следната недела во Шпанија формално да почне процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, бидејќи откако беше завршен изборот на шпанската Влада, се отворија вратите овој процес да започне и се надеваме да заврши за неколку недели, изјави Шекеринска.

Шекеринска нагласи дека процесите на ратификација во оваа држава не се брзи, изразувајќи очекување за силна поддршка од страна на шпанските институции.