Ѓорчевска во четвртфинале
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска обезбеди пласман во четвртфиналето на ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија вреден 10.000 долари.
Ѓорчевска која е седморангирана на овој турнир, и 527 на ВТА листата, за место меѓу најдобрите осум славеше во мечот против Јапонката Котоми Такахата со 2:0, во сетови 6-3 и 6-3.
Во мечот за полуфинале нашата 19-ет годишна тенисерка утре ќе игра со словачката квалификантка Викторија Кузмова. Првата фаворитка на турнирот грузијката Екатерина Горгодзе и го предаде осминафиналниот меч на словачката која го доби првиот сет со 7-6 и првиот гејм од вториот сет.
Во конкуренција на двојки Ѓорчевска заедно со Молдавката Вдовенко е елиминирана во првото коло од четврторангираниот италијански дубл, Карегеро / Флорис во два сета, 6-4 и 7-6.