Седници на неколку собраниски комисии и на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
На Комисијата за транспорт, врски и екологија, на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за градење, законот за сигурност во железничкиот систем, Предлог- законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти...

Во Собранието седници на неколку комисии и на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. На Комисијата за транспорт, врски и екологија, на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за градење, законот за сигурност во железничкиот систем, Предлог- законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, сите по скратена постапка.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Во второ читање, пред Комисијата за труд и социјална политика, се измените на Законот за евиденции од областа на трудот. Барање на наод е пред членовите на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните.
