Земјоделство

Донесена програмата за земјоделски субвенции за 2020 година

20.01.2020 10:39

Донесена е новата програма за субвенционирање на земјоделството за 2020 година. На сметките на земјоделците треба да се најдат скоро 70 милиони евра, без тутунот кој годинава ќе се исплатува од посебна програма. Најголем дел од вкупната финансиска поддршка е предвиден за сточарите...

Со 24 милиони евра годинава ќе се субвенционира сточарското производство, а растителното со 16,2 милиони евра.

Право на државна помош земјоделците ќе имаат и за премии и осигурување, за заштита на земјоделско земјиште, за млади земјоделци и жени носители на земјоделски стопанства. Остануваат и досегашните мерки за складирање на пченицата и субвенцијата од 50 проценти за зелената нафта или најмногу до 100.000 денари по земјоделско стопанство.

За заостанатите обврски поради специфичноста на производството и неисплатените субвенции кон земјоделците од 2012 до 2019 година предвидени се скоро 20 милиони евра.

Со 10 милиони денари ќе се поддржуваат и одредени категории носители на земјоделско стопанство. Дополнителни 10 за млад земјоделец и 20 процентина за регистриран индивидуален земјоделец.

Зголемена субвенција им следува и на мали земјоделски стопанства и на сточарски фарми.  

 

Методија Трајков