Пекинг
Трета жртва од корона вирусот во Кина
20.01.2020 10:12
Случаи се пријавени на Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја. Заболените се жители или посетители на градот Вухан.
Трет смртен случај во Кина од корона вирусот. Регистрирани се и нови 139 заразени со запаление на белите дробови поврзано со вирусот кој се проширил и во Пекинг.
Случаи се пријавени на Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја. Заболените се жители или посетители на градот Вухан.
САД воведоа дополнителна здравствена проверка на патниците кои пристигнуваат од централна Кина.
