Почитување на ембаргото за оружје договорено на Самитот за Либија
Челниците на двете најголеми завојувани страни премиерот на меѓународно призната влада Сараџ и командантот на Либиската национална армија кој го контролира истокот на земјата, генералот Хафтар, беа во Берлин, но не присуствуваа на конференцијата.
„Да се почитува ембаргото за оружје, да не им се дава повеќе воена помош на завојуваните страни и да се обезбеди целосен прекин на огнот“, ова се точките за коишто светските лидери постигнаа согласност на берлинскиот самит посветен на конфликтот во Либија.
Челниците на двете најголеми завојувани страни премиерот на меѓународно призната влада Сараџ и командантот на Либиската национална армија кој го контролира истокот на земјата, генералот Хафтар, беа во Берлин, но не присуствуваа на конференцијата.
Тие се сретнаа со германската канцеларка Меркел пред самитот и назначиле пет члена на воениот комитет да ги застапуваат на разговорите за постојан прекин на огнот.
Резултатите од средбата треба да бидат усвоени од Советот за безбедност на ОН.
