Москва
Медведев: Оставка поради реформите и временскиот фактор
20.01.2020 11:17
Според него, пораката на претседателот Путин за промена на Уставот опфаќала многу амбициозни задачи за политичкиот систем, кои до одреден степен ја менувале рамнотежата на моќта во земјата.
Поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев изјави дека поднел оставка поради политички реформи и временскиот фактор.
Според него, пораката на претседателот Путин за промена на Уставот опфаќала многу амбициозни задачи за политичкиот систем, кои до одреден степен ја менувале рамнотежата на моќта во земјата.
Медведев во иднина ќе биде заменик- шеф на Рускиот совет за безбедност. Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот началник на Федералната даночна служба Михаил Мишустин за нов премиер на Русија.
