Швајцарија
Почнува Светскиот економскиот форум во Давос
20.01.2020 11:19
Климатските промени во центарот на вниманието, а една од најважните сесии е насловена како „Спречување на климатската апокалипса“.

Во Давос, Швајцарија, почнува Светскиот економски форум. Климатските промени во центарот на вниманието, а една од најважните сесии е насловена како „Спречување на климатската апокалипса“.
Организаторите на Форумот од сите учесници ќе побараат да се обврзат да ја намалат до минимум емисијата на јаглерод до 2050-та година или порано.
Настанот завршува на 24-ти јануари.
