Одложено рочиштето за случајот „Рекет“

20.01.2020 11:53

На денешното рочиште, кое е презекажано за в четврток, требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која ја водеше истрагата за предметот „Империја“, во која е осомничен бизнисменот Орце Камчев.

Во Кривичниот суд во Скопје, одложено рочиштето за случајот „Рекет“. Судијката информираше дека адвокатите на обвинетата Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска не биле можност да дојдат поради здравствени причини.

Во салата беа присутни поранешната специјална обвинителка Јанева, која беше спроведена од куќен притвор, како и првообвинетиот Бојан Јовановски, кого го донесоа од Истражниот затвор во Шутка.

На денешното рочиште, кое е презекажано за в четврток, требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која ја водеше истрагата за предметот „Империја“, во која е осомничен бизнисменот Орце Камчев.

Во случајот „Рекет“, Јанева е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Јовановски за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.