Судењето за „ТНТ“ продолжува на 6-ти февруари

20.01.2020 12:19

Судијата Огнен Ставрев рече дека обвинетиот Трајковски мора да користи боледување од дванаесетина дена, по што закажа рочиште за 6-ти февруари.

Судењето за случајот „ТНТ се одложи. Обвинетиот Тони Трајковски не дојде на рочиштето. Докторката Викторија Вујовиќ која му издала боледување, во судница образложи зошто тој не може да присуствува на рочиштата.

Судијата Огнен Ставрев рече дека обвинетиот Трајковски мора да користи боледување од дванаесетина  дена, по што закажа рочиште за 6-ти февруари.

„Денеска Тони Трајковски не дојде по препорака од доктор, кој го издаде извештајот, дека не може да присуствува на судење. Докторката дојде и на затворена седница, ја кажа причината и ја образложи дијагнозата. Кажа дека е од времен карактер и се надева на подобрување на состојбата во текот на следните 10-15 дена“, изјави адвокатот Страшевски.

За тоа дали ќе бараат доказите повторно да бидат изведени, адвокјатот на Трајковски рече дека ќе ја почитува одлуката на неговиот клиент.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

За уривањето на комплексон „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.