Штедливите светилки штетни за здравјето
Берлински истражувачи тврдат, светилките за кои веќе некое време се полемизира се исклучително штетни. Вклучените светлосни тела емитуваат фенол, нафтален и стилен - канцероген состав кој при долготрајна изложеност може да биде фатален. Фенолот во организмот навлегува преку дишните патишта нарушувајќи ја нивната функција како и срцевата работа.

Додека од ден на ден се погласно не советуваат да ги фрлиме класичните светилки и да ги замениме со штедливи, голем број совесни експерти предупредуваат, економичните светилки треба да се користат колку што е можно поретко и подалеку од нас.
Европската унија со директива забрани произведување на класични сијалици форсирајќи ги на европските пазари исклучиво штедливите, иако според познавачите, тие се штетни за здравјето. Тогаш зошто толку се инсистира на нивното користење.
Ја штедат енергијата, но, не и вашиот живот!
Берлински истражувачи тврдат, светилките за кои веќе некое време се полемизира се исклучително штетни. Вклучените светлосни тела емитуваат фенол, нафтален и стилен - канцероген состав кој при долготрајна изложеност може да биде фатален. Фенолот во организмот навлегува преку дишните патишта нарушувајќи ја нивната функција како и срцевата работа.
Израелскиот Универзитет Хаифа, веќе одамна објави истражување според кое штедливите светилки можат да го зголемат процентот на заболени жени од рак на дојка, бидејќи за разлика од класичното жолто осветлување, овие емитуваат на некој начин дневна светлина, поради што се нарушува производството на хормонот мелатонин во организмот.
Исто така постојат предупредувања дека ваквите светилки предизвикуваат мигрена, а дерматолозите пак стравуваат за пораст на кожни проблеми.
Еко светилка е штетна за околината!?
Нели е апсурдно на амбалажата на еден еко производ да стои предупредување дека по искористувањето е неопходно да се исфрли како токсичен отпад?
Еко светилки се вистинска мамка за луѓето што се грижат за животната средина. Иако се неколкукратно поскапи од класичните, масовно се купуваат. Ваквите светилки произведуваат „електричен смог“, мора да се користат исклучиво во добро проветрени простории и далеку од нашите глави, предупредува експертот Андрес Кирхнер.
Содржат жива!
Доколку дојде до пукање на светилката, живата што излегува е опасна за секое живо суштество. Експертите додаваат, при пукањето поголемиот дел од живата останува во светилката, само мал дел излегува во воздухот – количество што не може да го наруши здравјето.
Сепак советуваат, доколку дојде до пукање на ваквата светилка, да се отворат прозорците и да се проветри добро просторијата.
Местото каде што се скршила светилката, внимателно да се избрише со влажна крпа, која потоа безбедно треба да се исфрли во најлоска торба.
Со леплива лента (селотејп) треба да се соберат евентуалните остатоци кои исто така треба да завршат во најлонската торба.
Отпадот никако не смее да се фрли во корпа за отпадоци, во ваков случај неопходно е да се исфрли на локација специјализирана за собирање опасен отпад доколку ја има
Европската унија во сите земји членки забрани класични светилки од 25 до 100 вати.
Соња Стојановска
