Заев: Разговори за двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство
Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев разговара со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство. Подготвен е и за лидерска со Мицкоски...
Лидерот на владејачката СДСМ, Заев разговара со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство. Подготвен е и за лидерска со Мицкоски. Заев верува дека законот ќе се донесе до 11-ти февруари пред распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите.
„Ќе бидам среќен ако тоа го направи најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и се придружи кон носењето на законот со што ќе го олесни патот за неговото донесување, но верувам дека како општество, држава, како парламент до 11-ти февруари треба да се обидеме во парламентот за гласаме за законот. Ако има двотретинско мнозинство, тоа е супер, одлично“, рече Заев.
Усогласување на ставовите во врска со Законот за јавното обвинтелство и неговото носење бара и меѓународната заедница. При минатонеделната посета во Скопје еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача дека Законот за јавно обвинителство е приоритет и треба да го донесе актуелниот парлементарен состав пред изборите на 12-ти април.
