ВМРО-ДПМНЕ: Предизборна фалба со нови амбулантни возила
Не направија ништо за домашната и за итната медицинска помош, па сега одлучија пред избори се фалат со набавки на амбулантски возила, иако итната медицинска помош, посебно во подрачјето на Скопје, беше преполовена, наведуваат од опозициската партија.

Владата на СДСМ заедно со министерот за здравство Венко Филипче за овие три години целосно го уништија здравствениот систем во државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Не направија ништо за домашната и за итната медицинска помош, па сега одлучија пред избори се фалат со набавки на амбулантски возила, иако итната медицинска помош, посебно во подрачјето на Скопје, беше преполовена, наведуваат од опозициската партија.
Граѓаните не добија ништо од тоа што им беше ветено од СДСМ пред да дојдат на власт, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
