Денеска е празник посветен на Св. Јован Крстител

20.01.2020 09:41

Според светото предание, Св. Јован и Исус Христос биле роднини. Во младоста Св. Јован живеел во пустина, во долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години, по Божја воља, ја напуштил пустината и ги учел луѓето да се покајат и да се подготват за доаѓањето на Спасителот. Св. Јован отворено зборувал против сите неправди, мани и негативности и ги повикувал луѓето да се покајат, за да им стане достапно царството небесно.

Св. Јован е наречен Крстител, затоа што го крстил Исус Христос, а се нарекува уште и Претеча, што значи претходник. Со своето учење, тој му претходи на Исус Христос. Одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. „Јас ве крштевам со вода, а по мене ќе дојде Тој што ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Св. Јован, додека го покрстувал народот.

Според светото предание, Св. Јован и Исус Христос биле роднини. Во младоста Св. Јован живеел во пустина, во долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години, по Божја воља, ја напуштил пустината и ги учел луѓето да се покајат и да се подготват за доаѓањето на Спасителот. Св. Јован отворено зборувал против сите неправди, мани и негативности и ги повикувал луѓето да се покајат, за да им стане достапно царството небесно.

Великиот и славен Крстител е убиен по желба на злобната Иродијада, жена на царот Ирод, а по барање на нејзината ќерка Саломе. Отсечената глава и телото биле погребани одвоено. Главата на Св. Јован Крстител е пронајдена од монах, по Божја промисла.

Оваа чудотворна глава, подоцна одела од рака на рака, се додека во време на благочестивата царица Теодора и патријархот Игнатиј, не била однесена во Цариград. Од главата на светиот предвесник се извршиле многу чуда.