АРМ побогата за уште четворица пилоти

06.03.2014 15:54

Обуката траеше три семестри, период во кој се учеа теорија и основните вештини во летањето...

По двегодишна обука питомците од првата генерација кои се обучуваа во центарот за обука, на  униформите ги добија летачките значки,  станаа поручници. Нивниот сон за освојување на небесните височини веќе се оствари. Се гордеат што станаа чувари на македонското небо. Се приклучија на семејството пилоти на хеликоптери. За првпат АРМ има жена-пилот.

„Имавме чест и задоволство да учиме од најдобрите, како теоретски така и практично, да ги надминеме сите предизвици и денеска гордо да стоиме пред вас подготвени да го вложиме нашиот максимум како професионалци во арм и да придонесеме за зачувување на мирот и безбедноста на нашата татковина република македонија“, вели Дејан Славевски, најдобро рангиран поручник.

Обуките ги спроведува професионален тим инструктори од Македонија и од Израел според Оксфордска програма. Инструкторите горди што конечно нивниот кадар излезе успешен.

„Запомнете, пилотот на хилихоптер треба да биде подготвен да ја изведува својата мисија во секое време и на секое место“, рече Јаари Шрага, директор на Центарот за обука на пилоти.

Обуката траеше три семестри, период во кој се учеа теорија и основните вештини во летањето.

„Денес промовираме луѓе кои се способни да ракуваат и управуваат со многу сложени борбени средства. Средства кои можат да обезбедат најбрз транспорт на луѓе и материјални ресурси, но и многу ефикасно да извршуваат сложени борбени задачи“, полковник Орце Поповски – Декан на воената академија.

„Убеден сум дека вие ќе прерасните во одлични офицери и пилоти и во лидери на армијата на Република Македонија“, нагласи во својот говор министерот за одбрана, Талат Џафери.

Во центарот за обука на воени пилоти веќе е во тек втората класа слушателиза стручно усовршување на родот авијација. Наскоро ќе стартува и третата. Во тек е и селекција на полициски пилоти.

 

Наташа Гркова- Петрушевска