Германските инвеститори сакаат да инвестираат во земјава, Македонците сакаат да работат во Германија
Германија е една од земјите во кои најмногу заминува квалификувана работна сила. Се примаат и работници со ниски квалификации, но полесно до виза може да дојдат лекарите и инженерите. Работните места да се направат попривлечни и да се подигне свеста за можните ризици од одењето во странство, укажуваат од Стопанската комора...
Германските инвеститори сакаат да вложуваат во земјава, но Македонците сакаат да работат во Германија, изјави заменик- амбасадорот Ото Граф. Според него, излезот од ваквата ситуација треба да се бара создавање привлечни работни места за пониско квалификуваните работници, бидејќи секоја економија се соочува со предизвикот на кадар со потребните вештини.
Од Стопанската комора укажуваат дека заминувањето во странство носи ризици. Оттаму велат дека дуалното образование е една од мерките што треба да помогне да се создаде кадар според потребите на бизнисот, бидејќи високото образование не е решение за секого.
Германија е една од земјите во кои најмногу заминува квалификувана работна сила. На годишно ниво се издаваат околу 10 илјади визи. Од земјите од Западен Балкан се примаат и работници со ниски квалификации, но полесно до виза може да дојдат лекарите и инженерите.
Исто така, Германија е најголем партнер на земјава. Од Комората посочуваат дека трговската размена меѓу двете земји се движи околу 4,3 милијарди долари, а германските инвестиции до 2018-та изнесуваат над 320 милиони евра.
Дијана Ценевска
