Русија
Серија анонимни дојави за поставени бомби во Москва
20.01.2020 15:12
За слични закани се проверуваат и сите московски метро станици, но засега не е наредена евакуација.

Над сто училишта, градинки и 20 трговски центри во Москва се проверуваат, откако добиле анонимни закани за поставени бомби. За слични закани се проверуваат и сите московски метро станици, но засега не е наредена евакуација.
Според проценките на руските медиуми, од 28 ноември, речиси 1,2 милиони луѓе се евакуирани како резултат на лажни дојави за закани со бомби.
