Владина седница и активности на премиерот и министрите во Штип
Премиерот Оливер Спасовски и министрите, како што соопшти владината прес – служба, ќе имаат и повеќе активности во штипскиот регион...
Владата во Штип ќе ја одржи редовната четврта седница. Техничкиот премиер Спасовски и министрите, ќе имаат и повеќе активности во регионот.
Министерот за земјоделство Трајан Димковски ќе изврши увид во работата на пречистителната станица Злетовица, вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс ќе ја посетат касарната „Јане Сандански“.
Дел од економскиот тим на владата ќе посети и индустриски капацитети. Премиерот Спасовски, заедно со вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори Мила Царовска, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на УЈП, Сања Лукаревска ќе ја посетат текстилната компанија „Албатрос“ во Штип. Предвидена е средба со менаџментот и вработените во фабриката.
