Почнува второто полугодие од учебната 2019/2020 година

21.01.2020 10:22

Во училишните клупи се враќаат 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои околу 20 илајди првачиња.

По тринеделен зимски распуст, учениците почнуваат со наставата во второто полугодие од оваа учебна година. Во училишните клупи се враќаат 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои околу 20 илајди првачиња.

Наставниците продолжуваат да работат со повисоки плати од јануари за 10 насто, согласно со постигнатиот договор помеѓу синдикатот (СОНК) и Министерството за образование и наука.