Ирак

Три ракети истрелани врз зелената зона во Багдад

21.01.2020 10:01

Во зелената зона сместени се повеќе ирачки институции и странски амбасади. Две од трите ракети паднале во близина на амбасадата на САД. Сѐ уште нема информации за настрадани или за материјална штета.

Три ракети паднаа во зелената зона во Багдад, соопштија неименувани извори од ирачката полиција. Ракетите биле лансирани од предградието Зафаранија. Во зелената зона сместени се повеќе ирачки институции и странски амбасади. Две од трите ракети паднале во близина на амбасадата на САД. Сѐ уште нема информации за настрадани или за материјална штета.

Во меѓувреме, според прелиминарниот извештај на Иранската организација за цивилно воздухопловство две ракети биле истрелани во правец на авионот „боинг 737“ на украинската авиокомпанија, кој беше соборен во близина на Техеран.

Началникот на корпусот на Исламската револуционерна гарда, презеде целосна одговорност за инцидентот, но наведе дека станува збор за само една ракета со мал дострел што била истрелана во правец на авионот.

Иран, во меѓувреме, соопшти дека побарал од САД и Франција опрема за информациите од црните кутии на украинскиот авион.