СЗО свика итен состанок поради новиот вирус
Светската здравствена организација на вонреден состанок ќе утврдува дали новиот вирус што ја зафати Кина ќе биде прогласен за глобална закана. Кинеските здравсвтени власти потвдија дека е заразен и се пренесува од човек на човек...

Светската здравствена организација ќе одржи вонреден состанок на експертска комисија за да утврди дали новиот вирус што ја зафаќа Кина треба да биде прогласен за глобална закана, откако кинеските здравствени власти потврдија дека смртоносниот патоген е заразен и дека се пренесува од човек на човек.
Средбата ќе се одржи по потврдувањето на четвртата смрт од новиот Корона вирус, кој прво избувна во кинескиот град Вухан, но оттогаш се шири, зафаќајќи ги Пекинг и Шангај.
Според кинеските власти, сега има 217 познати инфекции, од кои 198 биле во Вухан и уште четири случаи пријавени во Јапонија, Јужна Кореја и Тајланд.
