Власта и опозицијата со различни ставови и за Преспанскиот договор

21.01.2020 10:18

Лидерот на СДСМ обвини дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот, што според него би ја вратило земјава 25 години наназад, ќе доведе до укинување на нашето членство во НАТО, губење на ЕУ-перспективата и на милијарди евра странски инвестиции.

Освен за Законот за јавно обвинителство, власта и опозицијата со различни ставови и за Преспанскиот договор. Лидерот на СДСМ обвини дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот, што според него би ја вратило земјава 25 години наназад, ќе доведе до укинување на нашето членство во НАТО, губење на ЕУ-перспективата и на милијарди евра странски инвестиции.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ако освојат двотретинско мнозинство ќе се обидат да го ревидираат Преспанскиот договор. Сепак, оттаму сметаат дека тоа не значи оти Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции.

Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега- велат од партијата.