Грипот се уште не попушта!

06.03.2014 16:16

Лани во истиот период имало за 39% помалку грипосани...

Според Институтот за јавно здравје, првата недела од март  регистрирани се  3 277 ново заболени од грип, што е за 17,5% помалку во однос на претходната недела. Вкупната бројка за оваа сезона изнесува 22 159 заболени.

Лани во истиот период имало за 39% помалку грипосани. Во споредба со 10 годишниот просек од 15.198 заболени, годинава е за  речиси 46% повеќе.

Последнава недела има три смртни случаи. Досега, вкупниот број жртви како последица од грипоте 11 повозрасни лица со претходни хронични заболувања.

Доминира типот инфлуенца А. Во Европа од почетокот на сезоната 7 земји пријавиле 3024 болнички згрижени пациенти и 254 смрни случаи.

Соња Стојановска