Лондон
Велика Британија: Построги казни за терористите
21.01.2020 12:38
Премиерот Џонсон вети законски измени по нападот во близина на лондонскиот мост во ноември минатата година, кога напаѓачот беше предвреме ослободен од затвор, поради тероризам.

Велика Британија ќе воведе построги пресуди за терористите и нема предвреме да ослободува лица осудени за тероризам, соопшти британската влада.
Премиерот Џонсон вети законски измени по нападот во близина на лондонскиот мост во ноември минатата година, кога напаѓачот беше предвреме ослободен од затвор, поради тероризам.
Со новиот предлог закон предвидено е најопасните терористи да ја отслужат целата казна.
