Маричиќ и Муцунски на средба за Законот за јавно обвинителство

21.01.2020 12:45

Претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Маричиќ и Муцунски на интерен состанок ќе ја утврдуваат динамиката на разговорите на работната група за Законот за јавно обвинителство. Се очекува разговорите да течат со забрзана динамика. Од двете партии велат дека се подготвени за дијалог, а евентуалната лидерска средба Заев- Мицкоски ќе зависи од епилогот на работната група...

Доцна попладне претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Маричиќ и Муцунски на интерен состанок ќе ја утврдуваат динамиката на разговорите на работната група за Законот за јавно обвинителство.

Од двата табора засега се воздржани од коментар, но се очекува разговорите да течат со забрзана динамика. Од двете партии велат дека се подготвени за дијалог, а евентуалната лидерска средба Заев- Мицкоски ќе зависи од епилогот на работната група.

Лидерот на СДСМ, Заев разговара и со осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство. Од опозициската партија велат дека се за донесување на законот, но не за таков кој ќе ѝ донесе политички поени на власта.

Новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји при посетата во Скопје испрати порака дека е пожелно законот да биде донесен пред самораспуштањето на овој парламентарен состав.