Османи- Деркоски: Важно е да има фер и демократски избори
Фер и демократски избори се важни за продолжување на евроинтегративниот процес, да покажеме зрелост, процесот да биде беспрекорен- средба на вицепремиерот Османи и Државната изборна комисија. До трети февруари пред пратениците треба да се најде Изборниот законик...
Фер и демократски избори се важни за продолжување на евроинтегративниот процес, да покажеме зрелост, процесот да биде беспрекорен- од Државната изборна комисија порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
„Овојпат навистина е тоа така. Пресвежа ќе биде во меморијата на сите земји-членки кога ќе се разговара за нас во март месец, а на 26 март ќе биде четвртиот ден од изборната кампања. Секое отстапување од нормален изборен процес ќе биде свежo во сеќавањето на земјите членки кога ќе ја носта одлуката. Затоа овој пат одговорноста е најголема“, рече Османи.
Првиот човек на ДИК, Декоски нагласи дека ни претстои период кога сите чинители треба да ја преземат одговорноста и овој процесот да го изведеме на најбесрекорен начин за да не дадеме алиби никому. Претседателот на ДИК тврди дека избирачкиот список континуирано се пречистува.
„Избирачкиот список е кристално чист, фантоми нема, а ДИК ќе направи сѐ претстојните парламентарни избори, кои ќе бидат под лупа на ЕУ, да ги спроведе на најдобар можен начин, без ниту една дамка“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
До трети февруари пред пратениците треба да се најде и Изборниот законик.
