ДИК не е надлежна за толкување закони
ДИК го отфрли барањето од техничкиот министер за внатрешни како недозволено и како акт што не е поврзан со изборите.
Државната изборна комисија едногласно го отфрли барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за толкување на членот 46 од Законот за влада и неговите надлежности.
Членовите на ДИК оценија дека не се надлежни да даваат мислење, ниту оценки за законитоста на законите со образложение дека за автентично толкување на членови од закони е надлежно само Собранието.
ДИК го отфрли барањето од техничкиот министер за внатрешни како недозволено и како акт што не е поврзан со изборите.
Чулев изјави дека барањето е испратено поради секојдневните активност на МВР, а со поврзаните потписи со дополнителниот заменик министер Славјанка Петровска се успорува работата и влијае врз ефикасноста на полицијата.
