Пред пратениците Законот за управување со отпад

21.01.2020 13:31

Подносител на овие измени е партијата ДОМ. Бараат забрана за увоз на отпад како извор на енергија, отпад кој согорува.

Во Законодавниот дом пред пратениците предлог- законот за за изменување на Законот за управување со отпад. Подносител на овие измени е партијата ДОМ. Бараат забрана за увоз на отпад како извор на енергија, отпад кој согорува.

Од иницијативата О2 велат, еколошките организации ќе ги видат партиите на дело, кој за што се залага. Се надеваат дека точката нема да биде оставена за крај, заедно со информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во земјава.