Сугарески: ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира Законот за легализација на дивоградбите

21.01.2020 13:34

Преку поднесените илјада амандмани ги ставаат во неможност над стотина илјади граѓани да остварат законска сопственост на домовите.

Министерот за транспорт и врски тврди дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокираат донесувањето на Законот за легализација на дивоградбите. Преку поднесените илјада амандмани ги ставаат во неможност над стотина илјади граѓани да остварат законска сопственост на домовите.

„Пред донесување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, популарно Закон за легализација, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 1.000 амандмани со што свесно го закочија законот, со мала веројатност тој да се изгласа пред распуштање на Парламентот. Со тоа оставија преку стотина илјади граѓани во неможност да си ги легализираат нелегално изградените објекти“, нагласи Сугарески на денешната прес-конференција.

Сугарески ги повика пратениците од опозицијата да покажат конструктивност и да се изгласа предложеното законско решение.