Швајцарија

Почна „климатскиот“ самит во Давос

21.01.2020 13:29

Почна Светскиот економски форим во Давос. Политички, економски и технолошки лидери од целиот свет ќе дебатираат за економијата, технологијата, но во фокусот ќе го стават глобалното затоплување. Годинашниот собир го доби неформалното име „Климатски Давос“...

Три илјади политички, економски и технолошки лидери од целиот свет на светскиот економски форим во Давос ќе дебатираат за економијата, технологијата, но во фокусот ќе го стават глобалното затоплување. Годинашниот собир го доби неформалното име „Климатски Давос“. Присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со стотици лидери и активисти на граѓанското општество. Меѓу нив е и Грета Тунберг.

Младата активистка која одржа говор е најмладата учесничка на овој форум во историјата. На прашањето каков напредок бил постигнат во однос на климатските промени, таа рече дека ништо не било направено и дека е потребно да ѝ се посвети внимание на науката.

„Се случија многу работи кои никој не можеше да ги предвиди, што го покренаа ова движење. Во тоа не бев сама, многу млади низ светот учествуваа во создавањето на ова движење. Но, истовремено, не постигнавме многу бидејќи глобалните емисии на гасови сѐ уште се во пораст. Мора да почнеме да ја слушаме науката и да го третираме ова како сериозна криза, бидејќи го спротивно нема да го решиме проблемот“, изјави Тунберг.

Основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, пред состанокот побара од учесниците да се заложат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Се очекува алијансата на големи инвеститори, банки, инвестиции и фондови да ја објави својата одлука на средбата во Давос. Според најавите тие сакаат да го пренасочат целиот инвестициски капитал, околу 6.000 милијарди долари, кон зелената индустрија и проектите за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2050-та година.

Сè уште не е познато како американскиот претседател Доналд Трамп ќе одговори на овој проблем.

Минатата година безбедноста беше на слабо, но на завидно ниво. Оваа година комплексот е опкружен со 5.000 полицајци и неколку илјади војници во околните шуми.

Безбедноста ќе ја чини Швајцарија девет милиони франци за полицијата и 32 милиони за војската.

Марина Ристова