Застапеност на детските права во Собранието

21.01.2020 14:27

Политичките партии да вградат мерки за подобрување на правата на детето во рамките на нивните политички изборни програми за предвремените парламентарни избори- бараат од детската амбасада „Меѓаши“...

Пратениците да имаат проактивна улога за детските права, бара „Меѓаши“. Од Првата детска абасада апелираат - народните избраници да покажат поголема самоиницијативност, бидејќи од законските решенија зависи и реализацијата на правата на детето.

Неколкугодишните истражувања покажуваат дека на ова поле нема познатечителен напредок, а не помогнале ниту обуките на пратениците, кои биле организирани за тие да работат поквалитетно во унапредувањето на правата на децата.

„Меѓаши“ очекува да се забзра процесот за донесување на Законот за средното образование, со кој ќе се овозможи право на учество и организирање на учениците, по примерот на Законот за основното образование. Меѓудругото, се бараат и измени на законот за семејство за воведување заедничко родителство во интерес на потребите и правата на децата. 

Ана Јосифоска- Тодоровска