Првиот извоз од тетовската зона во последниот квартал на 2014-та
Финишира подземната инфраструктура, патната се гради, а веќе се потпишани и договорите со еден домашен и со еден италијански инвеститор...

Првиот извоз од индустриската зона во Тетово, со која управува инвеститорот „Нормак Инвестмент груп“, ќе се реализира во последниот квартал од годината, оптимистички најави менаџментот на компанијата.
Финишира подземната инфраструктура, патната се гради, а веќе се потпишани и договорите со еден домашен и со еден италијански инвеститор. Компанијата „Даути комерц“ ќе инвестира околу 6 милиони евра во најсовремен логистички комплекс кој ќе нуди транспортни и шпедитерски услуги.
Ќе биде завршен до крајот на 2014-та и ќе ги опслужува инвеститорите што ќе работат во зоната. Според договорот „Нормак“ треба да инвестира 157 милиони евра и во следните 96 години ќе управува со површина од 94 хектари.
Според бизнис планот, во првата фаза ќе бидат изградени триесетина индустриски објекти во кои би се вработиле околу 7.000 лица.
Свето Николовски
