Прилеп

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат конечно решение

21.01.2020 14:46

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ бараат да се најде каво било решение за 64-та работници кои немаат ниту работа, ниту плати ниту на повидок решение. Велат, не може да се примени ниту донесениот Закон за исплата на придонесите зашто нема претставник на државниот капитал. Најавуваат протести...

Без плати, придонеси, здравствено осигурување, без работа и на принуден одмор, 64-та вработени во прилепски „Еурокомпозит“ бараат крајно сериозен однос на владата и конечно да се најде решение за нив. Велат, не знаат што да прават зашто се ниту вработени, ниту невработени.

Речиси два месеца се на принуден одмор, имаат сознанија дека се продаваат репроматеријали на фирми, а ќе им требаат за работа. Добиваат одредени средства, но тие се од заостанати плати и за цела 2019-та не добиле плата. Без претставник на државниот капитал, не може да се ефектуира ниту донесениот Закон за исплата на заостанатите придонеси.

Како технолошки вишок од фирмата заминаа 154 вработени. Работниците од „Еуркомпозит“ најавуваат нови протести.

 

Елизабета Митреска