Владата ја поништи одлуката на Мизрахи за разрешување директори
Министерката со одлука ги разрешила директорите на меѓуопштинските центри за социјални работи во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш и именувала вршители на должност.
Владата ја поништи одлуката на техничката министерка за труд и социјални работи Мизрахи за разрешување директори во четири јавни установи. Објаснувањето е дека одлуката била донесена спротивно на Законот за влада и без одобрување на дополнителниот заменик- министер.
Министерката со одлука ги разрешила директорите на меѓуопштинските центри за социјални работи во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш и именувала вршители на должност.
Спротивно на законот и со притисок врз вработените во архива, со писмена наредба, техничката министерка, ги донела решенијата за разрешување и решенијата за именување на други вршители на должност директори во јавните установи меѓуопштински центри за социјална работа, се вели во соопштението на владината прес- служба.
