Хашим Тачи лобира против формирањето на Трибунал за Косово

06.03.2014 16:29

Косовскиот премиер Хашим Тачи испратил делегации во САД и Брисел да лобираат против формата која треба да ја има најавениот ад хок Трибунал за Косово, кој би се занимавал со злосторствата на Ослободителната војска на Косово (ОВК), вклучувајќи ги наодите од извештајот на Дик Марти, а кој се заканува да го уништи имиџот на Косово, пишуваат приштинските медиуми.

„Целта на овие посети е да се објасни дека овој Трибунал, во формата која ја претставила ЕУ, ќе го уништи имиџот на Косово и ќе прејудицира винаta на едната страна во вооружениот конфликт", пишува весникот Tribuna.

Приштина ќе настојува да добие на време и да го одврати вниманието на странските партнери за Косово „посебно да се апострофира" во односите со другите земји од поранешна Југославија, и на Трибуналот да му бидат дадени овластувања да работи на оние случаи кои се веќе во постапка.

 По „заканите" за формирањето на овој Трибунал, косовската влада го повлекла барањето за завршување на мандатот на мисијата на ЕУЛЕКС на Косово, создавајќи пат да се продолжи мандатот на мисијата, а Трибуналот да биде во посебно одделение со косовскиот Врховен суд, и во кој би членувале меѓународни судии.

 Tribuna наведува дека косовската страна досега не направила ништо да го реши ова прашање, туку водела кампања за завршување на мисијата на ЕУЛЕКС.