Пекинг

Кина: Новиот Корона вирус мутира

22.01.2020 10:31

Светската здравствена организација одржува состанок на стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на Корона вирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции се заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус, од коишто деветмина починале. Вирусот почнал да мутира со што им отежнува на здравствените работници да го контролираат.

Претходно Соединетите држави потврдија прв случај на вирусот, кај  жител од државата Вашингтон кој се вратил од кинеската провинција Вухан.

Светската здравствена организација одржува состанок на стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на Корона вирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

Новиот Корона вирус, што предизвикува пневмонија, се пренесува од човек на човек. Северна Кореја воведе привремена забрана за странски туристи.