Вашингтон
Усвоени правилата за судењето на Трамп
22.01.2020 12:04
Со 53 гласа „за“ и 47 „против“ Сенатот го усвои планот за судењето кој им овозможува на сенаторите обвинители да го почнат случајот во текот на денот.
По 13 часовна дебата американскиот Сенат ги усвои правилата за водењето на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Со 53 гласа „за“ и 47 „против“ Сенатот го усвои планот за судењето кој им овозможува на сенаторите обвинители да го почнат случајот во текот на денот.
Претходно беа отфрлени три обиди на демократите кои настојуваа да ја обврзат Белата Куќа на достава на документи во врска со исплатата на воената помош за Украина.
