Уставните судии поделени за амнестијата за „27 април“
Ставовите на уставните судии се поделени. За едни иницијативата треба да се отфрли како неоснована, додека според други законот е противуставен и иницијативата на може да биде отфрлена...
Уставниот суд ги разгледа иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина и посебно за членот 2. Ставовите на уставните судии се поделени. За едни иницијативата треба да се отфрли како неоснована, додека според други законот е противуставен и иницијативата на може да биде отфрлена.
Уставниот судија Насер Ајдари со став дека барањата за утврдување на уставност треба да се отфрлат како неосновани, бидејќи судот веќе се има произнесено по овој закон.
Според судијата Јован Јосифовски, овие две иницијативи се детално образложени и треба да се прифатат, особено што тој останува на својот претходен став, дека законот е противуставен.
Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, рече дека негов личен став е дека сите правни норми мора да бидат функционални и дека со давањето вакви закони за вакви настани не се зацврстуваат државните вредности.
Судијата Осман Кадриу, нагласи дека треба да се прифати дека законодавецот не дава амнестија за дела со кои се загрозува интегритетот и суверенитетот на државата, додека судијката Елена Гошева вели дека има многу недоследности и дека треба да се отфрли предлогот за одбивање на иницијативата како неоснована.
