Дескоска: Дали ќе се донесе или не законот за ЈО зависи од волјата на ВМРО-ДПМНЕ

22.01.2020 12:42

За законот очекувам поддршка од сите пратеници и добро би било сите кои се декларираат за евроинтегравција на нашата држава да го поддржат законот, така што оти и таа опција не е исклучена, рече Дескоска.

„Шансите дали ќе се донесе или не Законот за јавно обвинителство зависи од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ, да ги стави интересите за евроинтеграција пред интересите на одредени нивни партски членови за кои се водат постапки сега од редовното обвинителство, а беа почнати од Специјалното“, изјави министерката за правда Рената Дескоска. Не е исклучено законот да се донесе без ВМРО-ДПМНЕ, додаде министерката Дескоска.

За законот очекувам поддршка од сите пратеници и добро би било сите кои се декларираат за евроинтегравција на нашата држава да го поддржат законот, така што оти и таа опција не е исклучена, рече Дескоска.

Ние влегуваме, како кажа министерката, со искрена и добра волја да се донесе тој закон и целиот период  истакнувавме и држиме до тој став дека законот што ќе се донесе треба да ги имплементира меѓународните стандарди и да не овозможи амнестија на било какво кривично дело кое што се гони во моментот или е во фаза на истрага или пред истрга.

Она што го слушам како најави од страна на ВМРО – ДПМНЕ за одредени забелешки, ако се остане навистина на тоа што е, може да дојдеме до договор. Но, јас не можам да прејудицирам сè додека не ги видиме написмено нивните ставови и забелешки, бидејќи често пати она што декларативно го кажуваат и она што ќе го напишат како конкретен амандман се разликува и честопати во тие амандмани се кријат одредени задни намери особено за случаите на СЈО, нагласи Дескоска.