Филипче: Засега нема потреба од скрининг на аеродромите
Новиот вирус од типот Корона забрзано се шири во светот и повеќе земји носат мерки за засилена контрола на влезот на патниците ,особено ако доаѓаат од кинеската провинција Вухан.
Засега нема потреба за активирање на термалните скенери на домашните аеродроми и се чека ставот на Комисијата за заразни болести, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Новиот вирус од типот Корона забрзано се шири во светот и повеќе земји носат мерки за засилена контрола на влезот на патниците ,особено ако доаѓаат од кинеската провинција Вухан.
„Веќе има активности во Светската здравствена организација и се разгледуваат евентуални препораки за далечните земји каде што сега има сѐ почеста појава на заразени луѓе од овој вирус. Ќе видиме какви се информациите, контактираме со официјални лица од канцеларијата на Светската здравствена организација дали има потреба или препорака за некаков скрининг на аеродромите, но засега нема таква најава“, изјави министерот Филипче.
Новиот Корона вирусот првпат беше забележан во Вухан, Кина. Досега се потврдени девет смртни случаи и над 440 заразени, најмногу во Кина. Случаи на заразата се потврдени во Хонконг и во кинескиот специјален административен регион Макао. И Соединетите Американски Држави го потврдија првиот случај на вирусот, кај жител од Вашингтон кој се вратил од патување во Вухан.
